Доста беше славење: Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе се „поштедат“ од сите забави и дружења?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Жозе Мурињо во ретки ситуации покажа дека се работи за најтрофејниот англиски клуб и речиси е сигурно дека шеста година во ница, „Црвените ѓаволи“ ќе останат без шампионската титула.

Проблемите внатре во тимот помеѓу менаџерот и играчите се чести, а Жозе Мурињо поради скромните резултати и лошите заложби, одлучи да ги забрани забавите во внатрешноста на клубот.

Така, според информациите на англиските медиуми, фудбалерите на Јунајтед ќе останат и без божиќната забава која е традиционална.

„Не се планираат никакви забави оваа година. Тоа јасно покажува дека екипата нема лидер бидејќи никој не истапи пред играчите за на крајот да има некакво дружење“, вели извор близок на клубот за „The Sun“.

Јунајтед во моментов е на осмата позиција во Премиер лигата, со 17 бодови од 10 натпревари.