Доста му е од фудбал за оваа сезона – Раниери одби понуда од БЛ!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Клаудио Раниери неодамна доби отказ во Лестер.

Тој поради лошите игри доби отказ, па многу брзо му беше заборавено освојувањето на титулата во Англија минатата година.

Веднаш по заминувањето од клубот, Раниери доби неколку понуди.

Наводно, го сакаа во Фиорентина, но Италијанецот оваа понуда ја одби.

Претходните денови Раниери доби уште една понуда. На клупата го сакаше Волфсбург, кој оваа сезона игра очајно во БЛ.

Сепак, тој и се заблагодари на понудата. Одлучи да земе одмор до лето и него нема да го гледаме во тренерските води до крајот на оваа сезона.

Раниери претходно во кариерата има работено во големи гиганти.