„Дојдов да ја освојам Лигата на шампионите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во разговор за UEFA.com порачува дека  во Јувентус стигна поради освојување на трофеи, а дека негова примарна цел е освојување на ЛШ.

Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе се сретне со Барселона, а Игуаин верува дека екипата ја очекува исклучително тешка, но не и невозможна задача.

„Барселона е одлична екипа, која малку „заспа“ во Париз. Искрено, не верувам дека на себе можат да си дозволат уште еден таков лукзус во оваа сезона на ЛШ.

Првиот натпревар го играме на свој терен и се надевам дека ќе можеме да стекнеме предност со која на Ноу Камп ќе отпатуваме со реални шанси да се пласираме во полуфиналето“, рече Игуаин, кој потоа додаде:

„Се надевам дека Јувентус во оваа сезона може да ја освои ЛШ. Поради желбата за тие трофеи и дојдов овде.

Нормално, важни ни се и Серија А и Купот на Италија. Имаме шанса за шести пар по ред да станеме шампиони на Италија, а трет пат освојувачи на Купот и тоа ќе биде огромен успех. Но, ЛШ би било нешто посебно“.

Гонзало Игуаин во досегашниот дел од сезоната одигра 42 натпревари и псотигна 27 голови во сите натпреварувања.