„Дојдов тука да ја освојам титулата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола минатото лето стигна на клупата на Сити откако му заврши 3-годишниот договор со Баерн.

Гвардиола три сезони помина на клупата на Баерн, но на крајот не одлучи да ја продолжи соработката затоа што доби понуда од Сити.

Иако навивачите на Сити веќе во првата сезона очекуваат резултати, сега е јасно дека тоа нема да го добијат.

Сити оваа сезона се прости од ЛШ во 1/8-финалето и им остана само борбата за ФА купот.

„Би било премногу арогантно да мислам дека дојдов овде да ја менувам филозофијата на клубот овде сум да освојуваме титули и да победуваме во натпреварите.“

„Кога не победувате, тогаш навивачите  не ги интересира на кој начин играте. Јасно е дека во првата година не може да се направи се, но одиме чекор по чекор. Среќен сум што немам притисок од страна на управата на клубот и поради тоа тие не очекуваат резултати преку ноќ.“