Дрогба ја заврши кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Челзи, Дидиер Дрогба ја заврши својата кариера.

Дрогба веќе на почетокот на оваа година најави дека до завршетокот на сезоната ќе се пензионира,а рано изутрината по наше време го одигра последниот меч.

Тоа беше финалната средба во втората лига во САД, а за жал тимот на Дрогба, Феникс Рајсинг доживеа пораз од Луисвил Сити со 1:0.

Дрогба во САД помина три години, а претходно играше во Кина.

Секако, најславните денови од својата кариера ги помина како член на Челзи во чиј дрес меѓудругото ја освои четири пати Премиер лигата и еднаш Лигата на шампиони.

На крај се опрости на дури 40 години