Еве како е одлучено: Меси да му ја одземе титулата на Роналдо во Италија?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Така вели анализата, а добро е познато дека не постои реална симулација.

И натаму е насекаде веста дека Роналдо фрли ракавица на Меси, кога го повика да му се придружи во Серија А, да ги одмерат силите како во Шпанија.

Јасно, тоа нема да се случи, но на добра идеја дојдоа лушето од Фудбал Менаџер кои за оваа сезона го „одведоа“ Меси во Наполи кој е најблиску до квалитетот на Јувентус.

Еве што се случи во онлајн симулацијата.

Секако, двата тима се бореа за титула, но Наполи беше елиминиран есента во Лигата на шампионите. Тоа им даде предност во првенството, Јувентус мораше да игра на два фронта, па на крајот ја загуби титулата, Наполитанците имаа три бода повеќе.

Јувентус не ја освои ниту Лигата на шампионите, откако беа елиминирани во полуфиналето од Сити.

Ако е за некоја утеха Роналдо, тој играше многу подобра сезона од Меси, постигна 33 погодоци, имаше 20 асистенции, додека Меси имаше 15 погодоци и исто толку асистенции.