Еве која е првата противничка на Шарапова по долго отсуство!

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Марија Шарапова ќе игра против Роберта Винчи во првиот круг на турнирот во Штутгарт следната недела, откако се враќа по 15-месечна суспензија поради допинг.

Шарапова беше казнета поради употреба на мелдониум, а нејзината казна завршува на 26-ти април.

Таа има 5 Гренд Слем титули во кариерата, па доби „вајлд карта“ од организаторите на турнирот во Штутгарт.

Таа со покана од турнирите ќе настапува и во Мадрид и Рим во наредните недели.