ЕвроБаскет: Израел со фуриозна четврта четвртина им ја расипа забавата на германците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Германците имаа водство по првите три четвртини и во моментите кога се чинеше дека ја имаат победата во раце, репрезентативците на Израел одиграа пеколна четврта четвртина и им ја “грабнаа” победата од раце.

 

Одличната игра во одбраната во четвртата четвртина и ја донесе првата победа на репрезентацијата на Израел на овој ЕвроБаскет. Израел ја совлада Германија со резултат 82-80.

Ричард Хауел беше херојот на Израел вечерва, откако постигна 29 поени а притоа имаше и 9 скокови. Од противничкиот тим одлични беа Даниел Таис и Денис Шродер, кои уфрлија 15 и 20 поени последователно, но тоа не беше доволно за германците да ја обезбедат победата.

 

Иако Израел победи, сепак останува закован на дното од групата Б.