„Евролигата ми е цел, поради неа не отидов во НБА“

    Кошаркарот на Фенербахче, Датоме откри зашто не заминал во НБА.

    Турскиот гигант минатата сезона играше во финалето од Евролигата, каде беше поразен од ЦСКА по продолженија, а Датоме откри дека негова голема желба е да се освои тој трофеј.

    „Би било одлично доколку се освои Евролигата, но тоа нема да биде лесно. ЦСКА доминира, а тука се и Олимпијакос, Реал Мадрид и уште 5-6 силни тимови.“

    „Имав 2 понуди од НБА, но одлучив уште 1 година да играм тука, па потоа ќе размислувам за иднината.“