Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена Звезда повторно е казнета.
Српскиот шампион доби две казни од Евролига во износ од 42.000 евра поради пропустот во организацијата во натпреварите со Фенерхабче и Панатинаикос.
Тие ќе мора да платат сума од 18.000 евра поради премногу публика и блокирани премини, како и 24.000 евра за истите проблеми против Панатинаикос.
„Уште еднаш, последен пат оваа сезона, апелираме до сите кои ќе бидат во нашата сала да се придржуваат до упатствата на клубот затоа што клубот е под условна казна за празна сала на некој од наредните натпревари.“