„Еден-два“ победа за Ферари на Хунгароринг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на 11. трка од годинешниот шампионат во Формула 1 на патеката „Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија.

Ова беше четврта победа оваа сезона за Себастијан Фетел и  со тоа ја зголеми предноста пред Луис Хамилтон во генералниот поредок.

Второто место го зазеде клупскиот колега на Фетел, Кими Раиконен, а како трет заврши возачот на Мерцедес, Валтери Ботас. Одлична трка извоза Фернандо Алонсо кој на стартот на целната рамнина пристигна како шести.

Фетел на чело на генералниот пласман сега има 202 бодови, 14 повеќе од Хамилтон, додека Ботас е на третата позиција со 169 освоени бодови.

Следната трка во Формула 1 е дури на 27 август кога ќе се вози трката за Големата награда на Белгија.