Еден од најдобрите стрелци во историјата на ПЛ се сели во Вест Бромвич?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тони Пјулис нанишани два играчи кои во наредниот преоден рок сака да се преселат на „Хоторнс“.

Вест Бромвич одработи одлична работа во оваа сезона, новата управа укажа доверба на Пјулис, а Велшанецот ги стави на осмото место во Премиер лигата.

Сепак, ВБА и покрај високиот пласман на еден од најнеефикасните тимови во шампионатот, постигнаа 39 голови, приоритет во наредниот преоден рок ќе биде ангажирање на конкуренција за Соломон Рондон.

Два играчи наводно се на радарот, во прашање се голгетерот на Сандерленд Џермејн Дефо, како и капитенот на Вотфорд Трој Дини.

Дефо извесно е дека ќе го напушти Стадионот на светслоста, бидејќи Црните мачки се селат во по понизок ранг, а 34-годишниот напаѓач верува дека има сила за уште барем една добра сезона.

Тоа го мисли и Пјулис, кој е уверен дека ангажирањето на Дефо ќе гарантира повеќе голови за екипата од Хоторнс.

Доколку сепак не успеат да го ангажираат, опција е и Трој Дини, на кого повеќе не му е загарантирано место во стартниот состав на Вотфорд.

Нианг најверојатно од наредната сезона ќе стане постојан играч на екипата од Викариџ, додека и Окака пружа одлични партии, а може да се случи Стршлените да ангажираат уште еден напаѓач во наредниот преоден рок.