Еден од најталентираните играчи го продолжи договорот со Ајакс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гигантот од Холандија, Ајакс, игра една од најдобрите сезони во последната деценија, а раководството на клубот не престанува да воодушевува со своите потези.

Ајакс го продолжи договорот со младиот дански фудбалер, кој е само уште еден во низата на добри потези на гигантот.

Каспер Долберг ќе остане во клубот до 2022. година, а со тоа холандскиот гигнат покажа дека има големи амбиции за наредните години.

Долберг има 21 година и нема сомнеж дека ќе напредува уште повеќе и ќе направи фантастична кариера, па можеби во иднина ќе се пресели во некој друг европски гигант, каде што ќе биде вистинска ѕвезда.

Данецот сезонава одигра четири натпревари во холандското првенство и постигна три гола.