„Единствен проблем на Роналдо е тоа што постои Меси!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави го пофали Роналдо, но кажа дека тој има еден проблем.

Роналдо и Меси се двата најдобри фудбалери во светот, па очекувани се споредби меѓу нив.

Поранешниот соиграч на Меси и легенда на тимот признава дека Роналдо заслужил награди, но смета дека тој е зад Меси кога станува збор за квалитетот.

„Роналдо е роден стрелец, спектакуларен фудбалер.“

„Проблем е тоа што постои Меси, кој за мене е најдобар играч во историјата.“

„Тоа е единствен проблем кој го има Роналдо, но сепак тој е играч кој продолжува да се бори и да постигнува голови.“