Една од најголемите желби на Реал Мадрид потпиша нов договор со Челси!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Маркос Алонсо денеска официјално го продолжи договорот со Челси на уште пет години.

Овој 27-годишен лев бек со Челси потпиша договор до 2023. година, а така стана јасно дека и во наредниот период ќе ги брани боите на „сините“.

„Среќен сум што останувам во клубот и што продолжувам да играм за еден од најдобрите тимови во светот. Зад мене се две одлични сезони во Челси, па се надевам дека ќе бидат такви и наредните“, кажа Алонсо.

Шпанеот досега настапи на 92 натпревари и постигна 15 голови и 11 асистенции, а претходно има настапувано за Фиорентина, Болтон, Сандерленд, а едно време беше член и на Реал Мадрид.