„Екипите во Ла Лига играат најдобро против Реал Мадрид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид доживееја на средината на неделата пораз на гостувањето кај Валенсија со 2:1 во рамките на шпанската Ла Лига.

Тоа значи дека Реал сега го дели првото место со Севиља, но има и два натпревари помалку од нив, а еден бод повеќе  од Барселона со само еден натпревар помалку.

Кралскиот клуб наредиот натпревар го игра утре навечер во гости кај Виљареал.

„Не очекува уште еден тежок натпревар против екипа која многу добро знае да се брани.

Ќе пробаме да ја исправиме нашата грешка од средата. Го анализиравме натпреварот против Валенсија и сфативме дека две грешки не турнаа во брз дефицит.

Секогаш зборувам да се игра од прва до последна минута“, рече Зидан па додаде:

„Екипите во Ла Лига играат најдобро против Реал, бидејќи Реал им дава дополнителен мотив. Ја подготвувам екипата после снимката која ја прегледувам, но тогаш тие против нас ќе одиграат целосно подруго, како да се друга екипа. Тоа ми е нормално, бидејќи сме Реал Мадрид“.

Утрешниот меч меѓу Виљареал и Реал почнува од 20:45 часот.