Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимоти Тилман е голема надеж на Баерн од Минхен, па и не чуди што го бараат шпанските гиганти.
Реал Мадрид и Барселона покажаа интерес за осумнаесет годишниот офанзивен играч за врска на Баерн, кој за само 500 000 евра пред две години дојде во Минхен од Гројтер Фурт.
Тилман во дресот на Баерн воодушеви на мечевите од Лигата на шампионите во јуниорска конкуренција, а неговиот агент Кристијан Роснер го потврди интересот од Шпанија.
„Имаше понуда од Барселона, која го следеше неколку месеци. Планот на Барселона беше да тренира со првата екипа, а во следните две години да настапува за Б екипата. Сепак, Баерн таа понуда ја одби“, рече неговиот агент.
Марка пишува дека Барселона ќе направи се да го доведе, исто така и Реал Мадрид е спремен многу да плати за услугите на младиот дијамант.