Ел Хадари јунак – Египет после пенали ја победи Буркина Фасо и е првиот финалист (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Египет после пенали ја победи Буркина Фасо во натпревар од 1/2 финалето на АКН.

Во првото полувреме не видовме погодоци.

Египќаните преку Салах во второто полувреме стигнаа до водство.

Банче неколку минути подоцна го израмни резултатот. Резултатот после 90 минути игра беше 1:1.

Во продолженијата немаше промена на резултатот, па победникот мораше да се реши после пенали.

Ел Хадари со две фантастични интервенции во последните две серии од изведувањето на пеналите му обезбеди финале на својата репрезентација.