Емотивно признание на Тер Штеген: Бев на прагот да и кажам „збогум“ на Барселона…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген призна дека во еден момент од кариерата размислувал да ја напушти Барслеона.

Тер Штеген пристигна во Барселона 2014. година и неколку години се бореше со Клаудио Браво кога е во прашање местото чувар на мрежата на каталонскиот тим.

Во еден момент е одлучено Германецот да брани на средбите од Ла Лига, а Чилеанецот во останатите натпреварувања. Тоа не му се допадна на Тер Штеген.

„Браво и јас се носевме добро со ситуацијата околу битката за прв голман. Тој е фантастичен голман кој го заслужи местото меѓу стативите во тоа време. Тренерот тоа не сакаше да го менува бидејќи имаше голман ко во лигата работи фантастично“.

„Секако, почнувате тогаш да размислувате за својата иднина, бидејќи играњето е најважна работа. Не ми беше лесно ниту кога тренерот кажа дека јас ќе бранам во лигата, а Браво во останатите натпреварувања. Тоа не е она што сакав. Во текот на 2016. година размислував да ја напуштам Барселона. Тогаш Барселона донесе одлука и се одлучи за мене. Мислам дека досега се оддолжив за довербата со одлични партии“, истакна Германецот.