Емре Чан искрен: Луѓето би биле изненадени да видат колку е нормален Криситјано Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во интервју за германскиот весник „Билд“ фудбалерот на Јувентус, Емре Чан говореше за своите впечатоци по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Германецот истакна дека Роналдо е најнормален човек и луѓето би биле изненадени кога би го виделе тоа, затоа што во јавноста има поинакво мислење за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

„За Роналдо можам да кажам дека е тивок тим со нозете цврсто на земја. Воопшто не се однесува како ѕвезда и тоа ме импресионира. Тој е првиот кој ќе ви каже здраво, благодарам за се. Тој не се однесува така само со нас соиграчите, туку и со сите масери, тренери и слично. Луѓето би биле изненадени да видат колку нормален човек е “- заклучи Емре Чан.