Енрике е голем песимист: Меси ќе замине од Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите навивачи на Барселона со нетрпение го чекаат моментот кога Меси ќе потпише нов договор со клубот.

Меѓутоа, Луис Енрике не сака да брза, па призна дека не сака да предвидува дали Аргентинецот ќе остане во тимот.

Во петок стигна и таткото на Меси за да преговара со клубот за новиот договор.

„Тоа е добра вест, секако. Ќе славиме кога ќе потпише договор. Но во овој момент не сакам да предвидувам дали ќе потпише или не.“

Меси има договор со Барселона до 2018-та година, а Барселона се натпреварува со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кои сакаат да му дадат големо богатство на Меси.

Барселона претходно оваа сезона ги продолжи договорите со Бускетс, Маскерано и Нејмар, а наскоро се очекува да потпишат нови договори Суарез и Ракитиќ.