Ерера би можел да си замине од Јунајтед и да се врати во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андер Ерера кој ќе остане без договор по крајот на оваа сезона се поврзува со враќање во редовите на Атлетик Билбао.

29 годишниот шпански интернационалец се уште не го продолжил договорот со „црвените ѓаволи“, а од „Дејли Мејл“ дознаваат дека моменталниот договор кој му е понуден на Ерера не е таков каков што тој се надева, и дека во јануари ќе ја разгледа опцијата за заминување од клубот.

Ерера се вклопи во сивилото на Манчестер Јунајтед оваа сезона, инаку во претходните години беше меѓу најдобрите и најборбените играчи на клубот.