Ерера проговори за можниот трансфер во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андер Ерера потврди дека се уште не е јасно дали ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и ги посочи најавите за трансфер во ПСЖ како логични.

Играчот од средниот ред ќе стане слободен агент по крајот на оваа сезона и се уште не е познато дали ќе ја продолжи верноста со „црвените ѓаволи“.

„Логично е кога имате само уште три месеци од вашиот договор и е интернационална пауза. Знам дека на крај нешто ќе испадне. Засега се фокусирам на играњето фудбал во следните месец и пол од сезоната.

Останатото го оставам на мојот агент, или можното продолжување на соработката со Јунајтед, или разговорите со други клубови за моето заминување“- зкалучи Ерера.