Ериксен се огласи по повод шпекулациите што го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово во англиските медиуми излегоа шпекулации дека Кристијан Ериксен е интересен за раководството на Реал Мадрид и дека „Кралевите“ во летниот преоден рок ќе тргнат по неговите услуги.

Сепак, самиот фудбалер ги отфрли шпекулациите дека ќе си замине од Тотенхем, но исто така истакна дека не е ни блиску до потпишување на нов договор со клубот.

Актуелниот договор на играчот со офанзивни карактеристики од средниот ред истекува за 18 месеци, а Реал Мадрид, Јувентус и Барселона ја следат ситуацијата и ја чекаат разврската дали Данецот ќе ја продолжи верноста со клубот.

„Има многу шпекулации, не верувајте им. Јас не знам ништо за тоа што го пишувало“- истакна Ериксен.