Ето објасни зошто Мурињо е во криза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерунскиот фудбалер, Самуел Ето во кариерата имаше можност да соработува со големи тренерски имиња.

Еден од нив е португалецот Жозе Мурињо кој Ето го тренираше во Интер и во Челси.

Тоа беа времиња кога Мурињо имаше голем успех, а Ето објасни што треба да смени Мурињо за да се врати на старата слава.

„Жозе многу се промени. Ни откри неколку работи кога бев во Интер. Во Челси беше различно. Тој побара три години за да го врати Манчестер на врвот, но морате да го натерате својот тим да игра, не може да се брани секогаш. Фудбалот повеќе не е таков. Да бидеме јасни, немам ништо против Жозе. Тој е во состојба да избере еден фудбалер и да му каже дека е најдобар и тој ќе одигра фантастичен натпревар. Но, фудбалот еволуираше“, изјави Ето.

Ето оваа сезона игра во турски Анталијаспор.