Ејупи го однесе Осијек во третото коло (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повремениот македонски репрезентативец и член на хрватски Осијек, Музафер Ејупи го постигна единствениот погодок на денешниот натпревар за неговиот клуб против Луцерн од Швајцарија.

Осијек забележа пораз од 2:1 на гостувањето во Швајцарија но поради победата од првиот натпревар од 2:0 хрватскиот тим продолжува во третото коло. И на натпреварот во Хрватска популарниот Музо ја тресеше мрежата на Луцерн.

Ејупи постигна погодок за Осијек во 72. минута од натпреварот по одличното додавање на Грезда.

Осијек во следното трето коло од квалификациите во Лигата на Европа ќе се сретне со тимот на холандскиот великан ПСВ Ајндховен.