„Жал ми е што никогаш не го тренирав Тоти“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома денес играат на домашен терен против Џенова во рамки на 38-то коло во Серија А.

Денешниот ден е посебен за сите навивачи на Рома затоа што последниот натпревар ќе го одигра Тоти. Тој реши да се пензионира.

Претходните денови во Италија се во знакот на капитенот на Рома, па многу спортски личности ја коментираа кариерата на Тоти, а еден од нив беше Манчини.

„Тој претставува многу работи во фудбалот. Зборуваме за неверојатен играч, феномен кој им остави на многу генерации тоа што го постигна. Многу играчи кои ќе дојдат ќе бидат инспирирани од него. Единствено ми е жал што никогаш немав шанса да го тренирам во кариерата.“