Жо-Вилфрид Цонга – Двајцата не мачеше ветрот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тенисер Цонга изјави дека е задоволен со својата игра во победата против Лајовиќ во 2-то коло од Австралијан Опен.

Цонга против Лајовиќ победи со 6:2, 6:2 и 6:3 и во наредно коло ќе игра со Џек Сок.

„Беше добар натпревар ова за мене, играв многу добро. Условите не беа лесни, двајцата не мачеше ветарот. Не играв најдобро на свој сервис, но беше добар натпревар.“

Поранешниот финалист на овој Грен Слем изјави дека верува дека може да стигне до врвот во Мелбурн.

„Секој ден е поинаков. Во овој момент играм добро, ќе се подготвам за наредниот натпревар, па ќе видиме што ќе се случи. Се надевам на добра игра и победи.“