Замената за Венгер стигнува од Примера?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал доживеаа тежок пораз од Кристал Палас во натпреварот од 32-то коло во ПЛ.

Арсенал очекуваа победа за да останат во борба за ЛШ, но по новиот пораз сега ЛШ им е далеку. Секако, на удар на навивачите по натпреварот беше Венгер од кој повторно е побарано да си поднесе оставка.

Англиските медиуми пренесоа утрово дека тој на крајот на сезоната  ќе го напушти Арсенал, а во игра за нов тренер се наоѓаат неколку имиња, додека желба на управата, наводно, е Валверде.

Овој 53-годишен тренер се поврзува и со Барселона затоа што во лето Енрике ќе замине од тимот.