„Заминување на Руни во Кина? Тоа е лудост!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Јунајтед, Рој Кин смета дека капитенот на Јунајтед, Руни не би требало да замине во Кина.

Иако последните денови се зборуваше дека од Кина се заинтересирани неколку клубови, сепак Кин смета дека Руни има уште многу да докаже во Европа.

„Нема шанси Руни да замине во Кина. Тој сеуште може да игра фудбал на врвно ниво во Англија, Германија, Шпанија и Италија. Заминување во Кина? Лудост! Тој има 31 година и има уште многу да игра во Европа.“

Да потсетиме, Руни оваа сезона е во лоша форма затоа што постигна 2 голови и 3 асистенции во ПЛ.