Започната иницијатива „Продолжи да се бориш“: Одличен потег на семејството Шумахер

Семејството на поранешниот светски шампион Михаел Шумахер започна непрофитна иницијатива со порака „Продолжи да се бориш“.

„Продолжи да се бориш сака да ја сподели позитивната енергија која ја добиле Шумахер и неговото семејство. Сакаме да го прославиме ставот за продолжување на борбата и не откажувањето кое го инспирираше токму Михаел Шумахер. Иницијативата има голем број проекти во иднина.“

Шумахер на 29-ти декември 2013 година доживеа тешка несреќа во тек на скијање по која помина 6 месеци во кома. Откако беше префрлен на домашно лекување во Швајцарија малку се знаеше за неговата состојба, а од неговото семејство стигнуваат охрабрувања дека легендарниот Германец напредува, но и дека треба да се има во предвид повредата која ја доживеал.

„Ова е првиот чекор на движењето за кое се надеваме дека ќе направи нешто добро во иднина.“

„Наша намера е да ја прошириме вербата дека откажувањето не е опција, а тоа е порака која не се однесува само на мото спортот. На овој начин се надеваме дека овој страшен настан, ќе го трансформираме во нешто позитивно.“

„Иницијативата се сведува на храборст, надеж и вербата во самиот себеси.“

Сабина Кем исто така нагласи дека нови информации за состојбата на Шумахер нема да има наскоро.

„Состојбата на Шумахер не е јавна тема и поради тоа и понатаму нема да даваме коментари за тоа. Причина за тоа е тоа што сакаме да ја заштитиме неговата приватност.“

„Свесни сме дека некои луѓе тешко ќе го разберат ова, но постапуваме така како што Михаел сака и единствено може да се заблагодариме на тие кои разбираат.“

„Михаел од секогаш ја заштитуваше својата приватност, дури и во најуспешниот дел од својата кариера. Секогаш ставаше јасна линија помеѓу приватниот и јавниот живот.“