Започнување од дното и на крајот голем успех – Исполнување на сонот на „Театарот на соништата“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сем Клукас се сеќава на 2009 година кога имаше 18 години и беше 9 часот попладне во едно саботно утро. Не, не се подготвуваше за натпреварот, наместо тоа, тој работеше на каса во кафуле на последниот спрат во Линколн. Од 9 до 5 правеше сендвичи и кафе, чистеше столови и работеше на каса за 6.2 фунти по час.

„Скоро се откажав од фудбалот и ми требаа пари. Но уживав. Имав најдобра оцена по математика и бев одличен на таа каса.“

Во неговиот пат до врвот Клукас влезе во историјата. Тој играше 5 години во серија во 5-те рангови во Англија и ако добие повик во репрезентацијата ќе стане првиот фудбалер кој натапувал за полу-професионалец Ц тим на Англија и потоа за првиот тим.

Уште две години претходно беше во академијата на Лестер Сити. Повторно е сабота наутро, тој со своето семејство влегува во канцеларите ја шефот на академијата Џон Рудкин. Како што вели и самиот на 16 години бил висок само 170 см.

„Отидов на состанок и на столот стоеше пакет со моето име. Помислив дека тоа е мојата стипендија.“

„Бев напаѓач и бев најдобар стрелец 4 сезони во серија, а тие ми рекоа дека ми даваат отказ.“

„Дури ми дадоа и влезница за натпреварот тоа попладне. Сите соиграчи не можеа да веруваат и сите ме прашаа што се случило, а јас седев и размислував дека би било подобро да не дојдам воопшто.“

„Со ноќи потоа плачев додека не заспијам, не ми е срам поради тоа. Мојата самодоверба ја немаше повеќе.“

„Работата е во тоа што Лестер донесе експерт за проценка колку кој ќе порасне. За мене рекоа дека ќе бидам 188 цм и сите рекоа дека тоа не е возможно.“

„Имав проба секаде и сите ми рекоа дека сум премногу низок.“

„Одвај се издвојува и тоа во МК Донс. Постигнав хет-трик против нивните резерви, но и тие ми рекоа дека сум мал. Си помислив, не можам ништо, единствено можам да го прифатам тоа.“

Тоа и го направи. Запиша курс за спортски развој на Линколн колеџот и потоа се вработи во Дабенхамс.

Едно утро стигна повик од Линколн Сити, тогаш во Лига 2. Им требаше играч да ги пополнат броевите на тренинг. По еден тренинг ми понудија проба. Потоа добив и 1-годишен договор.

„Се јавив на мама и тато во солзи и тие плачеа. Толку се жртвуваа за мене. Да се добие таа шанса беше неверојатно.“

Клукас, сепак, настапуваше само еднаш за клубот од родениот град и беше отпуштен кога стигна новиот менаџер Крис Сатон по една сезона. Лежел во својата соба под постерот на Пол Сколс и размислувал.

„Ова не оди, што ќе правам во животот?“

Тогаш пријател му договорил проба за Глен Худл академијата во Бишам Аби.

„Таму имаше 100 играчи кои играа на повеќе од 5 терени, а Глен гледаше од страна.“

„Поминав до 3-от ден и ми беше понуден договор во Шпанија од Глен Худл. Да не беше тој мислам дека би се откажал од фудбалот.“

Се пресели во Херез на југот на Шпанија и најде идеална платформа на која ја крена самодовербата и целата кариера.

„Трениравме секое утро и попладне игравме голф. Сето тоа помогна на мојот фудбал.“

„Глен беше неверојатен. Имаше магија околу себе. Често се вклучуваше во тренинзите и беше најдобар играч. Се вратив во Англија затоа што мислев дека имам шанса. Глен рече дека тука се Херефорд и Барнет. Јас реков што мислиш ти, тоа ќе го направам.“

Клукас потпиша за Херефорд каде играше во Конференција. Потпиша договор за клуб од Лига 2, Менсфилд Таун. Потоа Честерфилд и Лига 1. Конечно премина во Чемпионшип во Хал Сити за 1.3 милиони во 2015 година. Минатата сезона избори промоција во ПЛ.

„Да не беше Глен, не би бил тука.“

10 јануари 2012 Клукас влезе во 62-та минута во игра за Херефорд во поразот од 2:1 против Бристол Роверс пред 2.400 навивачи.

Вечерва ќе излезе пред распродаден „Олд Трафорд“.

Целото негово семејство се навивачи на Јунајтед. Сем и неговите браќа, Бен и Џорџ славеа низ улиците кога освоија ЛШ во 1999 година додека нивниот татко беше во Барселона таа вечер. Следното лето ги однесе на тура низ „Ноу Камп“. Кога имаа по 10 години нивниот вујко им купи акции на Јунајтед во вредност од околу 5 фунти.

„Откако Хлејзери дојдоа морав да ги продадам тие акции кога ќе наполнам 18, добив околу 350 фунти за нив. Работев во Дебенхамс во тоа време и купив копачки за тие пари.“

„Ова ќе биде посебна ноќ. Кога игравме против Јунајтед во август се свртев и си реков, Еве го Вејн Руни. Си помислив што праван, секако дека тоа е Вејн Руни. Не можев да сфатам дека играм против Јунајтед.“

Две недели претходно играше против Лестер, тим кој го победи со 2:1.

„Ја сакам позицијата на централен играч за врска која ја играм моментално. Ми поминуваат мравки кога ќе направам добар блок и помислувам дека некогаш така сум се чувствувал кога ќе постигнам гол.“

„Претходно успеавав некако да отидам во Дебенхамс на доручек. Човек со кој работев тогаш, сега е менаџер. Не можам да верувам каде сум сега. Кога ќе се навратам го почитувам се тоа што го постигнав и тоа ми помага да бидам личност која сум денес.“

Денес, Сем Клукас заработува многу повеќе од тие 6.2 фунти на час.