За овој викенд четири големи дерби мечеви во фудбал

    Претстојниот викенд, после репрезентативната пауза, на распоредот се четири дерби дуели во европските фудбалски лиги.

    Во Англија силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Арсенал на Олд Трафорд. Двете екипи ќе бидат под императив победа, а тренерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ кој е суспендиран.

    Во Шпанија Атлетико го дочекува градскиот ривал Реал, а најголемото дерби во германскиот фудбал го играат Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

    Во недела се игра еден од најголемите дерби на италијанскиот фудбал “Дерби дела Мадонина“ меѓу Милан и Интер.