За Солскјер ова е дното: Се чувствувам како да го допревме дното по овој пораз…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прв пораз во англиското првенство под палка на Оле Гунар Солскјер доживеа вчера Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ паднаа на „Емирати“, поточно Арсенал славеше со 2:0. Јунајтед не беше на ниво, што призна и самиот тренер Солскјер.

„Не заслуживме пораз. Можеби претходно добивавме некои натпревари кои не сме ги заслужиле. Тоа е така“, јасен беше Норвежанецот.

Манчестер Јунајтед вчера пропушти голема шанса да му се доближи на Тотенхем, што особено го разочара Солскјер.

„Се чувстуввам како со овој пораз да го допревме дното. Можевме дополнително да му се доближиме на Тотенхм“.