Збогувањето со Чех, на „Топчиите“ им разбуди интерес за англискиот репрезентативец…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петар Чех ја игра својата последна сезона и тоа не само во Арсенал, туку во својата фудбалска кариера.

Легендардниот Чех обелодени дека ќе ја заврши кариерата по завршувањето на сезоната, што Арсенал го остава само со Лено меѓу стативите.

Пронајдоа на „Емирати“ решение во 26-годишниот голман на Барнли, Ник Поуп.

Овој чувар на мрежата експлодира изминатата сезона, доби изненадувачка шанса поради повредата на Хитон и блесна, беше еден од најзаслужните за пласманот на „Клеретс“ во квалификациите за Лига Европа.

Сепак, доживеа и тој повреда, па клубот од „Тарф Мур“ мораше да ангажира нов голман, пристигна Џо Харт и сега конкуренцијата меѓу стативите е пеколна.

Страда Поуп, кој поради фантастичната сезона доби и статус на англиски репрезентативец, беше и дел од селекцијата на „Гордиот Албион“ на СП во Русија, па така кариерата би можел да ја продолжи во Арсенал.

Јасно, Лено ќе биде прв избор и следната сезона, но Поуп би можел да добие шанса во кариерата, да со Германецот се избори за место меѓу стативите во Северен Лондон.

Добрата работа за Арсенал е и тоа што Поуп е домашен играч, „Топчиите“ такви немаат многу, но екипата од Северен Лоднон ќе има и силна конкуренција, со оглед на тоа дека Поуп го бараат и Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем како и Њукасл.