Зидан ги одмора најдобрите играчи против Депортиво


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чудно, но и логична одлука после два тешки натпревари во низа.

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан се одлучи да изостави тројца најдобри играчи од списокот за дуелот со Депортиво од Ла Коруња.

Зидан одлучи да ги одмора Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Лука Модриќ кои одработија голема улога во претходните мечеви против Барселона и Борусија Дортмунд.

Тоа значи дека место во стартниот состав ќе добијат Тони Крос, Алваро Мората и Хамес Родригез.

Инаку, Реал Мадрид после овој меч патува на СП за клубови, што е причина поради што Зидан се одлучи да ги одмора своите најдобри играчи.

Да потсетиме, Реал Мадрид е лидер во Примера со шест бода повеќе од Барселона,  а натпреварот против Депортиво е на програмата во сабота во 20:45.