Зидан мора да пресече: Реал Мадрид има проблеми со странците…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид направи лош избор на клупата кога по заминувањето на Зинедин Зидан пристигна Јулен Лопетеги.

Баск траеше три месеци, не помогна ниту шок-терапијата во вид на Сантијаго Солари, па во Мадрид се врати Зизу за да успее колку-толку да ја спаси сезоната.

Доколку остане на клупата на „Кралскиот клуб“ и следната сезона, тој би можел да се најде во проблем поради правилата за три странци во Примера.

Реал ја пополни таа квота, Винисијус, Каземиро и Федерико Валверде се странците со тоа што последните двајца ќе добијат шпанско државјанство до летото.

Тогаш ќе пристигне Едер Милитао од Порто, како и Родриго, па покрај Винисијус тие повторно ќе го пополнат бројот, покрај тоа и Џејмс Родригез би требало да се врати од Баерн.

Единствена надеж за Колумбиецот е Родриго да замине веднаш на позајмица за да стекне искуство бидејќи Милитао и Винисијус секако ќе сочинуваат важен дел од првата екипа, како стартери или резервисти.