„Зидан ќе биде најдобар тренер на светот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос во едно од своите последни интервјуа зборуваше за Зинедин Зидан.

Според зборовите на Карлос, Зидан кога-тогаш ќе биде најдобар тренер на свето, иако тоа признание му избега во 2016 година.

„Погледнете ги неговите бројки. Јас немам што тука да кажам. Не многу тренери кои за година дена го направиле тоа што го направи тој. Едноставно, работи добро, и модерен тренер е.

Му предвидувам голем успех“, рече Роберто Карлос.

Зинедин Зидан во јануари минатата година го наследи Рафа Бенитез на клупата на Реал Мадрид, ја освои ЛШ и СП за клубови и моментално е во серија од 39 натпревари без пораз.

Зидан беше во најтесниот избор за тренер на годината по изборот на ФИФА, но наградата ја доби Клаудио Раниери кој со Лестер стана шампион на Англија.