„Знам кој би бил идеално засилување за Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез, изјави дека желба му е во иднина да биде тренер на каталонската екипа.

Чави во летото 2015 година се одлучи да ја напушти Барселона после што со овој клуб освои се што се можеше да се освои.

Овој играч за врска својата кариера ја продолжи во Катар во дресот на Ал Сад каде што уште игра.

Шпанскиот фудбалер потгврди дека ќе заплови во тренерските води кога ќе ја заврши својата играчка кариера.

Тој додаде дека најголема желба му е еден ден да биде тренер на Барселона, но е свесен дека тоа нема да се случи така брзо.

Истотака, Чави ги советуваше челниците на Барселона кого треба да доведат на крајот на сезоната, и кој играч е идеално засилување за овој клуб.

„Мојот сон е еден ден да бидам тренер на Барселона и се надевам дека тој ќе се оствари. Сеуште разсмислувам како фудбалер, а не како тренер и затоа сакам уште да играм. Во наредната сезона ќе ја завршам својата кариера и ќе видам како ќе биде после тоа“, рече Чави, и додаде:

„Што се однесува до Барселона по мое мислење Марко Верати е идеално засилување за овој клуб. Верати е сличен како мене, секогаш бара топка и гледа како ќе асистира. Се надевам дека еден ден ќе го облече дресот на Барселона“.