„Зошто Надал би се повлекол?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Давид Ферер верува дека неговиот сонародник може да се врати во врвот на светскиот тенис.

„И понатаму е топ 10 играч, сеуште има шанса да освои Грен Слем титула, а оваа година се повреди кога беше во најдобра форма. Но зошто би се повлекол? Ако спортот го прави среќен, треба да продолжи. Кога ќе биде се како што треба, тогаш секако дека се е во ред, но кога не оди, тогаш тоа е одлука на спортистите.“

Давид во април ќе наполни 35 години, а во 2016-та година беше на 21-то место на АТП листата.

„Колку повеќе притисок има, повеќе обврска имаш да победуваш. Мораш постојано да се бориш со тоа, а кога работиш некое време, телото и умот ги чувствуваат последиците. Во некој момент мораш да станеш и да се одмориш. Во таквите ситуации се чувствуваш несигурно.“

Ферер го сметаат за голем борец, а тој вели дека не дошол до елитата, бидејќи не бил на физичко ниво како неговите конкуренти.

Ферер играше финале во Ролан Гарос во 2013-та година, а во кариерата има освоено 26 титули и беше 3 место на АТП листата.