„Зошто поддржувате измамници?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот тенисер, Ник Кирјос е против тоа организаторите на Ролан Гарос, вториот Грен Слем во сезоната, да и доделат специјална покана на Шарапова, која во април по 15 месеци суспензија, се враќа на терените.

Поранешната прва тенисерка е казнета поради користење на лекови кои се наоѓале на допинг листата.

„Јас сум против сите врсти допинг и супстанции за подобрување на резултатите.“

„Не морам да зборувам за тоа што треба да се направи со тие кои прават измами. Но не гледам никаква смисла да се поддржуваат измамници.“

Шарапова доби специјална покана за турнирите во Рим, Мадрид и Штутгарт.