Поранешниот шампион во Ф1, Жак Вилнев смета дека Фетел мора да биде остро казнет поради инцидентот на трката за ГН на Мексико.
Германецот поради однесување на патеката во следната трка ќе започне со 10 секунди минус во однос на останатите конкуренти, но не е казнет поради тешките обвинувања на адреса на Ферстапен.
„Фетел заслужи поголема казна за се што кажа преку радио врска.“
„Да кажеше такво нешто некој фудбалер на судија, ќе добиеше црвен картон. Поради што Фетел не е дисквалификуван за наредната трка? Нека некакви посебни правила за оваа тема. Не може возач така да се однесува и да остане неказнет.“
Да потсетиме, баш во момент кога Германецот во Мексико го стигнуваше Ферстапен, возачот на Ред Бул ја „пресече“ првата кривина, поради што мораше да му ја препушти позицијата, меѓутоа тоа не го направи.
Меѓутоа, тука не беше крајот бидејќи го стигна Рикардо откако Ферстапен забави, а Фетел со промена на правецот при сопирање се одбрани.
На крајот Ферстапен како 3-то пласиран помина низ целта, зад возачите на Мерцедес, Хамилтон и Розберг, но Фетел им се придружи на подиумот бидеќи беше Ферстапен казнет со 5 секунди. Меѓутоа, потоа на него му беше одземено 3-то место поради инцидентот со Рикардо, па Австралијанецот стигна до 3-то место.
Наредниот викенд се вози трката во Бразил. Розберг е првопласиран со 349 бодови додека неговиот клупски колега Хамилтон има 19 бодови помалку.















