Ибрахимовиќ си ја отвори душата: Еден играч има кој се издвојува од другите, тој ме научи, ме натера од себе да нудам 120


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ се уште нема намера да и стави крај на својата кариера, а судејќи по се повторно би можеле да го гледаме на европските терени.

Сезоната за ЛА Галакси е завршена и не е необично што играчите од Америка доаѓаат на позајмица во Европа до почетокот на новата сезона. 37-годишниот Ибрахимовиќ е во центарот на вниманието бидејќи на големо се шпекулира за тоа дека ќе се врати во Серија А и повторно ќе заигра во дресот на Милан, но се уште нема официјални информации.

Ибрахимовиќ во разговор за француски „L’Ekip“ зборуваше за својата кариера, и за фантастичните играчи со кои имал шанса да настапува. Швеѓанецот во својата богата кариера играше со големи ѕвезди, но само еден од нив успеал да остави трага во неговата кариера.

„Патрик Виера е човекот кој многу и донесе на мојата кариера. Игравме една сезона во Јувентус и кога го запознав видов дека размислува поинаку од останатите играчи. Секогаш ми беше поддршка и ми помагаше на теренот, но и надвор од него. Ми покажа дека секогаш морам да давам максимум и да нудам нешто ново на теренот, но и секогаш да имам некои нови цели. Ме научи да играм на теренот онака како и на тренингот кој е доста опуштен. Тој беше феноменален играч. но уште подобар човек. Ме буткаше да давам од себе 120% секојдневно“, истакна Ибрахимовиќ.