Ибрахимовиќ успеа да го собори рекордот на Кака во МЛС лигата …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имаше секакви приказни и бројни написи дека ќе заминам од клубот. Меѓутоа, овде дојдов да ја завршам кариерата“, порача Златан Ибрахимовиќ откако го продолжи договорот со ЛА Галакси.

Од пристигнувањето во ЛА Галакси, Швеѓанецот постигна 22 погодоци и имаше 10 асистенции во 27 натпревари во МЛС лигата.

„Досега се загревав во Америка. Втората сезона ќе биде поинаква. Играчите и екипите во лигата ги познавам подобро. Подобро се чувствувам, и физички и психички и ќе играм на поголемо ниво“.

ЕСПН открива дека Златан во 2019. година ќе заработи помеѓу седум и седум и пол милиони евра и дека ќе биде најплатен фудбалер во историјата на лигата.

Досегашниот рекорд го држеше Кака кому Орландо во 2017. година му плаќаше 6,66 милиони долари.