„Ибра е еден од најдобрите, му се восхитувам!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Евертон, Роналд Куман се потсети на заедничките денови со Ибра во Ајакс.

Куман не го изненадуваат добрите игри на Ибра во ПЛ, затоа што никогаш не се сомневал во неговите игри.

Тој беше на клупата на Ајакс кога Ибра играше во тој тим.

„Не сум изненаден од неговите игри во ПЛ. Тој е едноставно талентиран и силен. А психички е најверојатно еден од најсилните играчи кои сум ги запознал. Сеуште му се восхитувам.“

„Го тренирав кога беше млад, некогаш е тешко да се работи со него. Но тоа е нормално, затоа што имаше 19 години.“

„Тој е забавен, но сите во тоа време имавме многу млади фудбалери.“

Јунајтед и Евертон ќе играат денес.