Ибра нема да ја заврши кариерата во Јунајтед, неговиот агент го откри неговиот следен клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед пристигна пред само неколку недели и се покажа како силно засилување за клубот од „Олд Трафорд“. Договорот му е до крајот на сезоната, но од управата на клубот веднаш дискутираа дека сакаат да го задржат во составот уште подолго време.

Дури и тоа да се случи, крајот на неговата кариера нема да биде на „Олд Трафорд“. Според агентот на играчот, кој за помалку од месец дена ќе наполни 35 години, изјави дека неговата цел е сосема друга. Имено, Ибра сакал да ја заврши својата кариера во дресот на Наполи.

Ибра играше долги години на Апенините, го носеше дресот на три гиганти, Милан, Интер и Јувентус. Тој никогаш го нема носено дресот на Наполи, но спроед Мино Раиола токму тоа е неговата намера.

„Кога Златан беше на бенефиса на Чиро Ферара, имавме долг разговор со него. Тој ми кажа дека сака да ја заврши кариерата во Наполи. Нема да ви кажам дали претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис се поврзувал со мене за потписот на Ибра, но ќе би кажам дека нема италијански клуб кој ќе може да си го дозволи тоа“, изјави Раиола во интервју со „Sky Italia“.