Ибра стави крај на секоја гласина и шпекулација: Во МЛС ќе ја завршам својата кариера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ стави точка на гласините кои се однесуваа на неговата иднина.

Ибрахимовиќ кој денес настапува во МЛС лигата се поврзуваше изминатите недели со Милан, се чинеше дека тој трансфер е пред реализација, меѓутоа на крајот следеше потпис на договорот со Лос Анџелес Галакси.

Одлучи Ибрахимовиќ и покрај сите медиумски натписи да остане во сегашниот клуб, а по се судејќи МЛС ќе биде и неговата последна станица во кариерата.

„Сешто се зборуваше, но јас не го напуштив клубот. Има уште работи кои треба да ги направам тука. Мојата прва сезона беше само загревање, втората ќе биде поинаква. Сега лигата и противниците ги познавам подобро и така се чувствувам и физички подобро. Овде дојдов да ја завршам кариерата“, порача Ибрахимовиќ откако го парафразираше новиот договор со американскиот клуб.

Ибра во 2018. година во дресот на ЛА Галакси постигна 22 погодоци и запиша 10 асистенции во 27те МЛС натпревари.