Ивановиќ потпишува за една од најтрофејните екипи во Шпанија!?

Искусниот српски дефанзивец Бранислав Ивановиќ се наоѓа пред најголемиот трансфер во кариерата.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Ивановиќ се наоѓа пред трансфер во Барселона и тоа во јануари.

Овој 34-годишен дефанзивец би требало да биде замена во екипата, откако се повредија Самуел Умтити и Томас Вермален.

Каталонците разгледуваат и други опции, но Ивановиќ наскоро останува без договор, па тоа сакаат да го искористат.

Каталонците и пред две години го сакаа Ивановиќ, но тогаш Србинот реши да се пресели во Русија.