Играч на Милан го истури својот бес во тунелот – „Крадци“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во петокот го победи Милан со 2:1 во дерби натпреварот од 28-то коло.

До победата Јувентус стигна во судиското продолжение, а ниту по натпреварот работите не се смирија.

Од Милан беа бесни по натпреварот. Сметаат дека судиите им ја подариле победата на Јувентус, а денес се појави интересна приказна од тунелот на Јувентус.

Наводно еден од играчите на Милан го напишал зборот „крадци“ откако натпреварот завршил.

Идентитетот сеуште не е познат, но јасно е дека играчот е од тимот на Милан.

Тоа не беше се. По завршување на натпреварот незадоволните играчи на Милан ја уништија соблекувалната и така заминаа од Торино.