Играч на ЦСКА го побарал дресот на Модриќ: Иако ме одби, ме импресионираше со неговиот одговор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ЦСКА, Јака Бијол моментално е хит во Словенија. Со своите 19 години овој млад словенски репрезентативец успеа да ги запре Бензема, Асенсио и екипата и со својот тим сензационално славеа против Реал Мадрид во 2. коло од ЛШ.

Младиот Бијол беше помеѓу најдобро оценетите играчи во победничкиот тим, а после натпреварот не криеше дека е импресиониран од ѕвездите на Реал, посебно од Модриќ, со кој сакал да ги замени дресовите, сепак желбата не му се остварила.

„Да, го прашав Модриќ за дресот, но ми рече дека веќе го ветил на својот сонародник Васиќ. Но, ми вети дека ќе го добијам после реван мечот во Мадрид. Ме импресионираше“, кажа Бијол.

Погодок за одлука на мечот помеѓу ЦСКА и Реал го постигна токму Васиќ после само 65 секунди игра.